Текстилец без проблеми ги освои бодовите против некогашниот македонски шампион

Некогашниот шампион на Македонија, Борец, продолжува да биде ‘топовско месо’ во прволигашката конкуренција и се чини дека и во оваа сезона тешко ќе може да им парира на ривалите.

Откако во минатата сезона Борец не оствари ниту една победа, беше поразен на сите натпревари во регуларниот дел и во плеј-аут фазата, клубот од Велес денес во дуелот со Текстилец беше поразен убедливо со 38:14.

Екипата на Текстилец немаше многу проблеми за да дојде до посакуваните бодови, имаше неколку расположени играчи, кои беа доволни за убедлива победа и први бодови во новата натпреварувачка сезона.

Текстилец во победата над Борец беше предводен од Филип Славев со девет погодоци, два помалку постигна Дарио Јорданов. Кај Борец се истакнаа Стефан Богдановски, Душан Крстевски и Марио Ангелов со по три погодоци.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

КУП 2024: Недановски посакува добра игра во одбрана, и се ќе биде полесно

Сезонава Вардар трипати играше против актуелниот вицепрвак, и...

Нов предизвик за Македонецот: Бојан Маџовски се сели во Партизан

Македонското лево крило Бојан Маџовски се наоѓа пред...

КУП 2024: Латифи – Вардар го знаеме многу добро, ќе пресудува одбраната

Тимот на Чаир по паузата од една сезона...