Владимир Глигоров: Голден Арт ќе наметне сопствен стил на игра што ќе донесе резултат (ВИДЕО)

Еден од најмладите скопски тимови, Голден Арт лани за малку не беше меѓу оние што разигруваа за титулата, но го освои првото место во плејаут групата. Сега подмладени со повеќе нови ракометари тргнуваат во нова мисија – да се игра за место во Топ-8. Останува интенцијата да се има само домашни ракометари и да им се даде шанса на сите да се афирмираат што повеќе.

„Целта за сезонава е поставено од управата на клубот – пласман во плеј офо. Направивме микс на млади и поискусни играчи. Префрливме 8-9 играчи од младинската екипа која лани беше шампион на Македонија. Тешко ќе биде да се направи тој спој за да делуваме доминатно за да се оствари пласманот во плеј оф. Досега од сработеното на подготовките играчите покажуваат желба да успеат; смета Глигоров

Тимот веќе е во Охрид каде настапува на силниот меѓународен турнир „Ксрте Андоновски – Усташ“.

„Турнирот во Охрид ни е прв тест. Таму има противници по мерка, на ниво како во групата. Тој турнир ќе ни покаже до каде сме, и да видиме дали можеме да се бориме за пласман во плеј оф, но ќе гледаме да искористме и некој кикс на некој од конкурентите, смета Владимир Глигоров, тренерот на Голден Арт.

Спојот на искуство и младост треба да донесе и нов квалитет.

„Годинава екипата треба да ја краси упорноста, побендичкиот менталитет, желбата за надигрување, агресивност во одбрана и високиот интензите. Сега имаме доволен број играчи во ростер што може да поднесе таков систем. Тежината ќе падне на поискусните играчи што станаа од лани. Го донесовме и Тоше Ончев, Тој добро се вклопи во екипата. Мислам дека ќе успееме да наметеме сопствен стил на игра што ќе донесе резултат, смета Глигоров.

Погледнете го целиот разговор со Глигоров направен за 24ракометТВ.

.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.
.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Македонија од трет шешир во ждрепка – може да игра во Хернинг, Осло, Загреб…

Светската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката...

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...