Здравко Чолиќ и Дино Мерлин повторно ги вкрстија патиштата – најдоброто од најдобрите


По долги години, Здравко Чолиќ и Дино Мерлин повторно ги вкрстија патиштата. Минатата недела Здравко беше во Сараево, каде го сними спотот за песната „Бирај ти“, напишана од Мерлин.

Ова не е првпат најголемите машки ѕвезди во регионот да соработуваат. Пред 18 години Дино го напиша еден од најголемите хитови на Чола „Као моја мати“, а пред 34 години ја напиша и песната „Да ти кажем шта ми је“. Според извор кој бил на снимањето на спотот, песната сигурно ќе биде голем хит.

Спотот е снимен во градот од каде што потекнуваат и двајцата, темата на песната нема врска со Сараево, туку се споменува Белград. Сцените се снимени во еден од најубавите ресторани.

-Ова ќе биде песна на која ќе може и да плаче и да се радува. Дека чашите се кршат и од среќа и од тага. Во спотот учествуваа многу луѓе, а го направи еден од најпознатите босански режисери Арнеј Мисирлиќ. Сè било строго доверливо, па учесниците на сетот морале да ги остават своите телефони во посебна просторија. Не смеам многу да зборувам за текстот на песната, но верувајте дека ќе се пее по куќи и кафеани и на свадби, рекол изворот.

Да потсетиме, на концертот на Мерлин во Белград минатата година во ноември, еден од гостите беше и Здравко Чолиќ. Кога таа вечер се појави на сцената, подот на арената буквално се тресеше од овации на публиката, а аплаузот траеше повеќе од шест минути.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

– Реклама –



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Портнер би можел да заработи четиригодишна суспензија

Репрезентативецот на Швајцарија и член на Магдебург, Никола...

Келце го задржа талентираниот Валах на уште две сезони

Полскиот гигант Келце и 22-годишниот голман Милош Валах...

И Грците побараа вајлд-карта за настап на Мундијалот 2025

Ракометната федерација на нашиот јужен сосед официјално се...

Матиќ ја напушта Металопластика, се враќа во Унгарија!?

Екипата на Металопластика, која беше еден од учесниците...