По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола ќе настапи на сцената  Artturbina на Народниот театар во Тирана каде за тамошната публика ќе биде изведена претставата „Артуро Уи“  од Бертолт Брехт, во режија на Ќендрим Ријани.

Од НУ Народен театар-Битола информираат дека после повеќе од 30 години, тоа ќе биде прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија, овој пат реализирано со поддршка на Културно-информативниот центар на Македонија во Тирана.

Во преставата закажана за 10 мај ќе настапат актерите Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Никола Стефанов, Хари Михајловски, Валентина Грамосли, Викторија Степановска- Јанкуловска, Никола Пројчевски, Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска, Александар Димитровски, Петар Спировски и Александар Стефановски.

Во претставата на режисерот Кендрим Ријани, асистент на режија е Јован Ристовски, драматург Билјана Крајчевска, сценограф Валентин Светозарев, костимографија: Благој Мицевски, а композитор на музиката Тимор Доми.


Post Views:
7

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Европа ќе има нов шампион – за првпат на Ф4 ќе игра германска екипа

Денеска се одиграа последните реванш средби од четвртфиналето...

Чантурија ги „отвори вратите“ за Грузијците во Македонија

Грузискиот репрезентативец во редовите на Охрид, Теимураз Орјоникидзе,...

Голем пех за Барса пред Ф4

Каталонскиот гигант Барселона ја потврди новата титула во...

ЅВЕЗДА НА 21. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – МАГДАЛЕНА КОЈОВИЌ (ЧАИР)

Членката на Чаир, Магдалена Којовиќ, го доби признанието...