ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Почнува борбата за СП 2025

Денеска со натпреварите од првиот бараж меѓу Естонија и Украина, односно Белгија и Италија ќе започне борбата за пласман на Светското првенство 2025, кое ќе се одржува во Хрватска, Норвешка и Данска.

Финска и Литванија ќе се соочат во четврток, додека репрезентациите на Словачка и Израел ќе се сретнат во петок.

Победниците од овие натпревари, на кои има двомеч, ќе обезбедат пласман во вториот бараж, односно ќе се соочат со далеку посилни репрезентации.

Исланд ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Естонија и Украина, додека победникот од бараж двомечот меѓу Белгија и Италија ќе оди на мегдан со Црна Гора.

Репрезентацијата на Унгарија, која на Европското првенство во јануари заврши на петтото место, како пречка ќе ја има Литванија или Финска.

Подобриот од првиот бараж двомеч меѓу Словачка и Израел за пласман на Мундијалот ќе се бори против Полска.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:00 ЧЕРНОМОРОЧКА – ЦСКА (РУСИЈА)
18:00 ЗАГЛЕБЈЕ – КОБЕРЖИЦЕ (ПОЛСКА)
18:00 ЕСТОНИЈА – УКРАИНА (БАРАЖ ЗА СП)
20:10 БЕЛГИЈА – ИТАЛИЈА (БАРАЖ ЗА СП)



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Стефаноски и Нацев искомбинираа 22 гола, Кичево го освои Ресен

Тимот на Кичево на гостувањето во Ресен кај...

📷 Солзи радосници и многу емоции: Италијанците по долги години се вратија на ракометната мапа

Репрезентацијата на Италија го направи најголемите изненадување во...

📷 Солзи радосници и многу емоции: Италијанците по долги години се вратија на светската мапа

Репрезентацијата на Италија го направи најголемите изненадување во...