Вицепрвакот славеше против младиот тим на Струга

Тимот предводен од Кире Лазаров во натпревар од 10. коло од плеј-оф фазата очекувано славеше победа над Струга со 35:20.

Гостите во Автокоманда настапија без неколку клучни играчи, шанса имаа помладите ракометари, кои дадената минутажа максимално ја искористија.

Домаќинот победата си ја обезбеди во првите 30 минути, на пауза замина со предност од 16:10 и во вториот дел немаше поголеми проблеми за да стигне до планираните три бодови.

Најефикасен во победничката екипа беше Дамјан Митев со седум погодоци, а го следеше Кристијан Симоноски, кој беше прецизен петпати.

Кај Струга одлична партија имаше Филип Симоноски со шест погодоци, солиден беше и Јулијан Матески, имаше четири реализации, но и неколку поделени асистенции кон своите колеги.

Вицепрвакот во следното коло ќе го пречека Охрид, додека Струга на свој терен ќе игра против Вардар.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата...

Кадетското злато остана во Автокоманда

Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно...

Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не...

Радовиш чекор поблиску до суперлигашки бараж

Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според...