Кукуловски и Брно блиску до ТОП 5 во Чешка

Екипата на Брно, во која настапува повремениот репрезентативец на Македонија, Дејан Кукуловски, го доби првиот од двата натпревари против Дукла Прага за петтото место во најсилното натпреварување во Чешка.

Брно на свој терен славеше со 33:26 и се наоѓа на добар пат зсезоната да ја заврши во ТОП 5. Свој придонес за убедливата победа над Дукла Прага имаше и Кукуловски, кој одигра на солидно ниво.

Македонецот во дадената минутажа на теренот успеа да запише три реализации и имаше неколку асистенции, додека неговиот колега Лука Вукичевиќ беше незадржлив на теренот со пет погодоци.

Тимот на Кукуловски на 27 април во Прага ќе го одигра последниот натпревар за оваа сезона, по што ќе биде познато дали ќе заврши на петтото место.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

КУП 2024: Недановски посакува добра игра во одбрана, и се ќе биде полесно

Сезонава Вардар трипати играше против актуелниот вицепрвак, и...

Нов предизвик за Македонецот: Бојан Маџовски се сели во Партизан

Македонското лево крило Бојан Маџовски се наоѓа пред...

КУП 2024: Латифи – Вардар го знаеме многу добро, ќе пресудува одбраната

Тимот на Чаир по паузата од една сезона...