Дури 24.549 гласачки ливчиња се неважечки, што ли граѓаните пишувале на нив?

Во гласачките кутии на вчерашниот прв круг од претседателските избори имало и не мал број на неважечки гласачки ливчиња. Ова го покажуваат податоците на Државната изборна комисија. На интернет страницата на ДИК може да се види дека вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња бил 24.549.

Кои биле причините зошто граѓаните во кутиите уфрлиле неважечки ливчиња не се познати. За неважечки ливчиња се сметаат оние ако не се пополнети на начин предвиден со Изборниот законик, ако е прецртано делумно или целосно, ако се заокружени повеќе листи на кандидати, ако бројот на гласачкото ливче не е соодветен на бројот на гласачкото место каде се гласа, или ако гласачкото ливче нема печат на предната страна…

Што ли граѓаните пишувале или доцртувале на гласачките ливчиња? Можеби, пак, треба повеќе информации пред гласањето за тоа како се гласа на изборите?

На секои избори вака завршуваат по неколку десетици илјади гласови. Така, на пример, во првиот круг на претседателските избори во 2019 година имало 32.696 неважечки ливчиња. На парламентарните избори во 2020 година така завршиле 31.564 ливчиња, а во 2016 година – 38.712 неважечки ливчиња.

Целиот текст можете да го прочитате на skopskoeho.mk

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Барса „доби“ засилување за Келн

Шпанскиот шампион Барселона „доби“ засилување за завршниот турнир...

Бисинов го задржа „мозокот“ на тимот – Илиев останува уште една сезона

Откако се врати во родниот град, Велес како...

Стојановиќ презема клуб од Словенија!

Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ,...

ИНТЕРВЈУ МАРТИН ТОМОВСКИ: Пораснав во Металург и Вардар, време е за интернационален пробив!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски за првпат...