Бојаниќ: Охрид е како семејство и расте од година во година!

Ракометарите на Охрид прославија вредна победа над Пролет со 29-22 во натпревар од 12 рунда од Супер лигата и го потврдија излезот во Европа следната сезона.

Кружниот напаѓач Владимир Бојаниќ е задоволен од остварената цел и вели дека клубот расте од година во година.

„Благодарност до моите соиграчи, до тренерот и стручниот штаб, до управата на клубот и градоначалникот на Охрид, со кои заедно ја остваривме целта и изборивме место во Европа. Ова е моја втора сезона, во првата не стигнавме до место во европските купови, но сега го остваривме тоа. Можеби можевме да бидеме и погоре пласирани на табелата, да се бориме и за титула, но ќе одиме чекор по чекор и растеме од година во година“, вели Бојаниќ.

Охриѓани имаа добра партија против Пролет, иако имаа мал пад во играта во второто полувреме.

„Пролет е искусна екипа, има добри играчи, во вториот дел имавме мал пад особено во играта во нападот, но не им дозволивме на противниците да се вратат комплетно во натпреварот и да биде неизвесно на крајот. Уште еднаш честитки до сите мои соиграчи за остварениот успех“, заврши Бојаниќ.

За Охрид следува пауза поради репрезентативните настапи и Купот на Македонија, а во последните две кола од плеј-офот ќе игра дома со Тиквеш и на гости кај Вардар.

Охрид слави излез во Европа!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ