ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Тиквеш на гости во Струга, две пресметки во плеј-аутот

На денешната програма во Македонија ќе се одиграат четири натпревари, од кои три ќе бидат во рамки од 8. коло од плеј-аут фазата, а еден дуел ќе има во плеј-офот.

Екипата на Тиквеш во Струга против истоимената екипа ќе атакува на петти триумф во плеј-офот, додека домаќините ќе посакуваат да дојдат до првите бодови во вториот дел од сезоната.

Тиквеш со победа на денешниот дуел ќе дојде до 16 бодови на свое конто и ќе остане во игра за едно од местата кои што водат во Европа.

Во борбата за опстанок се очекува да има возбудувања на натпреварот меѓу Мулти Есенс и Голден Арт, односно Вардар Неготино и Куманово.

За сите четири екипи денешните дуели имаат големо значење, па така нѐ очекуваат интересни пресметки во текот на денешниот ден.

Ракометарите на Прилеп ќе му гостуваат на тимот на Скопје, кој од почетокот на плеј-аутот е со серија порази.

Избраниците на Божидар Мојсов се големи фаворити против Скопје и се очекува рутински да ги освојат бодовите.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:00 СТРУГА – ТИКВЕШ
18:00 МУЛТИ ЕСЕНС – ГОЛДЕН АРТ
18:30 СКОПЈЕ – ПРИЛЕП
18:30 ВАРДАР НЕГОТИНО – КУМАНОВО



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата...

Кадетското злато остана во Автокоманда

Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно...

Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не...

Радовиш чекор поблиску до суперлигашки бараж

Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според...