Јагуриновски: Ќе дадеме се од себе да стигнеме до титулата

Вардар го совлада Еурофарм Пелистер со 24-20 во осмата рунда од суперлигашкиот плеј-оф и се врати во битката за титулата.

Десниот бек Томислав Јагуриновски се врати на терените по кратка пауза на минатиот натпревар против Бутел Скопје, но се уште не е во полна форма.

Тој вели дека ќе биде тешко да се стигне до титулата, бидејќи не зависи се од вардарци.

„Ќе биде малку тешко да стигнеме до титулата. Ние даваме се од себе, ако успееме да бидеме први, ќе биде одлично. Еурофарм Пелистер игра одлично, не е екипа против која можеш лесно да направиш разлика. Им честитам на нив за играта денеска против нас. Малку бев надвор од терените, но се вратив и сега повеќе играм во одбраната. Тешко е дека Еурофарм Пелистер ќе има кикс до крајот, но ние се надеваме дека ќе се случи тоа“, изјави Јагуриновски.

Следна обврска за Вардар ќе биде гостувањето кај Пролет в петок, додека Еурофарм Пелистер ќе игра дома в сабота со Бутел Скопје.

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата...

Кадетското злато остана во Автокоманда

Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно...

Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не...

Радовиш чекор поблиску до суперлигашки бараж

Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според...