Македонија во трет шешир – еве кои се можните ривали на ЕП

Женската репрезентација на Македонија на 18 април ќе ги дознае ривалите на Европското првенство што ќе се игра во Австрија, Унгарија и Швајцарија. Нашите ракометарки би требало да бидат дел од третиот шешир, но рангирањето наскоро треба да биде потврдено од европската куќа на ракометот.

Според ранкингот на репрезентациите од претходното ЕП и од актуелните квалификации со Македонија во третиот шешир би требало да бидат и селекциите на Словенија, Хрватска, Србија, Полска и Чешка.

Според пропозициите, домаќините на ЕП добивааат место според нивниот рејтинг, но мора да бидат веднаш по првопласираните селекции од квалификациите за континенталниот собир.

Тоа значи дека во првиот шешир ќе бидат Норвешка, Данска, Црна Гора, Франција, Шведска и Холандија, додека во вториот шешир ќе бидат преостанатите три првопласирани од квалификациите – Романија, Германија и Шпанија, како и трите домаќини – Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Во последниот шешир ќе бидат четири селекции што како третопласирани од квалификациите за ЕП се пласираа на континенталниот собир, како и Украина и Исланд, кои беа втори во своите групи, но не играа на претходното ЕП.

Покрај трите домаќини, ЕХФ распореди уште три селекции по групи, па така Црна Гора ќе игра во групата Б во Дебрецин, а во истиот град во групата А ќе игра Унгарија. Во Базел во групата Ц ќе игра Франција, додека во групата Д е домаќинот Швајцарија. Во Инсбрук во групата Д, распореден е домаќинот Австрија, додека во групата Ф ќе игра Германија.

Ждрепка за ЕП, шешири:

шешир 1: Норвешка, Данска, Црна Гора, Франција, Шведска, Холандија
шешир 2: Романија, Германија, Шпанија, Унгарија, Австрија, Швајцарија
шешир 3: Македонија, Словенија, Хрватска, Србија, Полска, Чешка
шешир 4: Украина, Исланд, Турција, Португалија, Фарски Острови, Словачка



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Македонскиот“ Коњалти ја освои бронзата во Турција

Екипата на Коњалти, во која настапуваат двете интернационалки...

Го елиминираа Ѓорче Петров и се на праг до титула

Тимот на Елче е на добар пат да...

Веспрем стигна до 31. Куп трофеј

Ракометарите на Веспрем успеаја да го одбранат Куп...

Загреб слави јубилејна 30 титула во Купот, Дибиров МВП на Ф4!

Тимот на Загреб без многу проблеми го освои...