Митревски „спушти ролетна“, Порто ја надигра Бенфика на Талески

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски ја продолжи одличната форма и на првиот натпревар од плеј-офот во Португалија.

Неговиот Порто беше подобар од Бенфика, каде што игра Филип Талески, и славеше со 36-32 во дербито на колото.

Митревски царуваше меѓу стативите на Порто и успеа да одбрани дури 15 шута на противниците, но и постигна два гола.

Талески беше меѓу подобрите во гостинскиот состав кој имаше само 12 ракометари, го одигра скоро цел меч во двата правци и постигна четири погодоци.

Спортинг е прв со 33, Порто има 32, додека Бенфика е трета со 30. Во следната рунда Порто гостува кај Брага, додека Бенфика ќе игра ново дерби со Спортинг Лисабон.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷 Промовирана топката за Олимписките игри – изработена е во Пакистан

Јапонската компанија Молтен и Светската ракометна федерација ја...

„Македонскиот“ Коњалти ја освои бронзата во Турција

Екипата на Коњалти, во која настапуваат двете интернационалки...

Го елиминираа Ѓорче Петров и се на праг до титула

Тимот на Елче е на добар пат да...