На изборите ќе кажеме стоп за лошата глума


Власта за 7 години изрежира тежок филм, во кој, тие беа глумци со главни

улоги, а на нас, народот, ни дадоа улоги на статисти. Што жанр беше

филмот? Во поголемиот дел хорор, а кога беа сцените само со глумците

имаше и баханалии, крими стори, ама и комедија…

Туку, ќе ве вратам 8 години назад, кога се местеше сцената СДСМ да ја

преземе главната улога на македонската сцена… Сценаристите, претежно

странци, го напишаа заплетот. Режисерот, исто така од странство,

главната улога му ја додели на глумецот, кој многу добро знае да одглуми

подлажнување со ставање раче на срце. Тој пак, среќен за дадената улога

одржуваше „проби“ секој ден, за да ја држи публиката во кондиција и

секоја прес – конференција, на која обзнануваше прислушкувани разговори

ја завршуваше со реченицата: „Ова зло никогаш да не се повтори“.

И бидна успешна премиерата. Публиката очекуваше дека по режимскиот

театар ќе дојде време за поарни сцени, дека рачето само на срце ќе стои,

а не по државните каси дека ќе е. И во првата година громогласно

аплаудираше, ама како одминуваа годините се виде дека глумецот сосе

другите „уфилмани“ актери не успеаја интересот за претставата да трае,

напротив тотално се изгуби. Премногу ги запоставија статистите.

Па режисерот и сценаристите донесоа нов глумец. Не беше познат, ама се

очекување дека тој, како некогаш популарниот филмски детектив – Коџак,

ќе носи правда, ќе лови криминалци, ама… Главните глумци добиваа се

повеќе свирежи и пцовки. Ете ги уште глумат, но…

На 8 мај во Македонија повторно ќе има аудиција. Овојпат сценариото го

пишуваат македонските граѓани. И режисерот е домашен! Народот ќе ја има

главната улога…

Во среда сите треба да ја повториме реченицата на неуспешниот глумец:

– Ова зло никогаш да не се повтори“ и сегашните главни актери да ги

тргнеме од сцената. Оти неопходно е Македонија да добие нови луѓе на

главните места. Оти не се трпи веќе – сегашнава претстава – филм, одамна

стана негледлива. И штетна по државата и по граѓаните.

Затоа, главните улоги треба да се пододелат на скромни луѓе со високи

морални, лични и професионални квалитети, чесни, патриоти, кои нема да

се плашат од правдата и од вистината, да знаат да носат одлуки, но и да

слушаат. Да бидат опкружени со многу паметни и докажани луѓе, а не со

неспособни партиски апаратчици, чиј поглед на свет е само до партиските

ровови.

Всушност на Македонија веќе не и требаат глумци! Не и требаат и филмови

некој да и прави. Потребна е реалност и вистинско делување за подобро

утре.

Новите главни ликови во Македонија мора да разбираат што е татковина,

патриотизам, традиција, верба и историја и нема да ги менуваат како да

се чорапи. Мора да веруваат во државата и својот народ, а не само да ги

интересираат народните пари и цел ден да размислуваат како нив да ги

потрошат кај свои роднини, пријатели и партиски спонзори за невидливи

проекти. Доста ни е со ликови – глумци, кои размислуваат само како да

„купат ден” и да ја зачуваат власта, а државата и народот им се

споредни. Не ни требаат таквите што наутро ветуваат едно, напладне се

заколнуваат во друго, а навечер прават сосема нешто трето. Стоп за оние

кои се будат како Македонци, напладне веќе националното не им е важно,

навечер други прашуваат што да бидат, а си легнуваат како граѓани од

„нашата земја“.

Ни треба главни ликови, кои нема туѓите размислувања, опасни по

државата, да ги прифатат како свои, понижувајќи го својот народ. И сето

тоа да ни глумат дека е за доброто на Македонија!

Аудицијата е пред нас, ние, народот, одлучуваме! Масовно да излеземе на

избори и да ја дадеме нашата оценка. Оти лоши глумци – не можат да

направата добра претстава!

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата...

Кадетското злато остана во Автокоманда

Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно...

Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не...

Радовиш чекор поблиску до суперлигашки бараж

Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според...