Недановски: Сезоната сѐ уште не е завршена, сите екипи покажаа квалитет

Ракометарите на Вардар останаа во игра за шампионската титула, откако пред својата публика славеа над вечниот ривал, тимот на Еурофарм Пелистер, со четири гола разлика, 24:20.

Сега разликата меѓу нив е само два бода на табелата во корист на битолскиот тим. Вардаррци сега мораат да победат до крај, но и да чекаат кикс на битолчани на некој од следните натпревари.

,,Сезоната сѐ уште не е завршена, сите екипи покажаа дека се квалитетни, можат да играат добар ракомет и можат да го изненадат секој ривал. Ние ќе го чекаме тој натпревар на Охрид со Еурофарм Пелистер. Нашата цел денес беше само да победиме, што ќе се случува понатаму ќе видиме. Самиот притисок на вакви натпревари си го прави своето, затоа имавм многу грешки, имавме многу промашени зицери, кои можеа да не чинат победа, но тоа не се случи денес. Одигравме добра одбрана во последните пет минути и сѐ реализиравме. Наша задача е да победуваме во секој натпревар, како ќе биде на крај останува да видиме”, изјави Недановски.

Вардар за ривал во следното коло го има тимот на Пролет, кој денеска беше поразен од вицепрвакот.

Томовски: Повеќе ја посакувавме победата, среќни сме за триумфот!

Јагуриновски: Ќе дадеме се од себе да стигнеме до титулата

 

Вардар во игра за титулата – го победи Еурофарм Пелистер, ама ќе мора да чека и кикс на битолчани

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Машко и женско финале во Купот на Македонија

Денеска во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одиграат...

„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата...

Кадетското злато остана во Автокоманда

Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно...

Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не...