Пендрекот го удри Тале, лузната останува врз цела нација – Екипа

Шокантно е преблаг збор… Срамно, катастрофално… Не постои вистински начин за да се изрази бесот и згрозеноста по видеото што беше објавено доцна синоќа, како еден припадник на полицијата си зеде за право да крене пендрек и да го удри македонскиот репрезентативец Филип Талески. Момчето што со години наназад гордо го носи репрезентативниот дрес, кое и на последното СП во Краков лесно можеше да каже дека го боли ногата, но стисна заби и повреден настапи на јануарскиот мундијал. Затоа што за него македонскиот дрес е светост, а синоќа дочека да биде удрен од полицаец.

Колку само треба да бидеш необучен, „неписмен“ и што уште не за да кренеш пендрек врз спортист на терен. А зашто, поради кошкање и мешаница, кое притоа секогаш го решаваат самите спортисти на теренот, меѓу себе, без некој да крене рака на некого. Затоа што тоа беше финале, меч под висок набој што сите актери го одработеа беспрекорно. На крајот дојде до искра меѓу Суси и Недановски, но пожарот од таа „искра“ ја направи полицаецот кој се дрзна да крене пендрек над спортист, репрезентативец, национална икона… Како локален шериф без ронка морал, реши да ги земе работите во свои раце. Зошто? Па, затоа што му се може.

Во оваа држава сме сведоци на милион случаи „секое чудо за три дена“, „кучињата ќе лаат, карванот ќе си врви“… Но тоа не смее да биде случај и овојпат, а лицето кое го направи овој срамен чин мора да биде соодветно санкционирано. Секако, МВР сега ќе најавува постапки и процедури, но најважно е постапката да биде транспарентна, а полицаецот хулиган со пендрек да ја добие казната што ја заслужува. Затоа што ако се тврди дека ова е држава во која владее правото, тоа треба да почне од истите оние кои се задолжени за ред и мир.

На телото Тале сигурно има белег, таа рана ќе зарасне, но ќе остане лузната врз цела нација… Кога тоа може да му се случи на еден спортист, ракометен ас, долгогодишен репрезентативец, што можеме да очекуваме ние останатите, обичните „смртници“!?



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еве кои 16 ракометарки ќе настапат за Македонија на првиот дуел на СП

Денеска во Скопје ќе стартува Светското младинско првенство,...

Трампа меѓу Кил и Келце – Вулф во Германија, Беласен во Полска!

Според пишувањата на „Билд“, еден од најдобрите голмани Андреас...

Од Куманово во БиХ – Благојевиќ ќе им прави друштво на Граџан, Николиќ, Плех…

Довчерашниот член на Куманово, Милош Благојевиќ, кој во...