Словачка подобра од Полска, Швајцарија ја победи Словенија

Откако вчера Фарски Острови ја изненади Македонија во првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство 2025, денеска имаше уште две изненадувања.

Репрезентацијата на Словачка на гостински терен во Гдањск успеа да го добие дуелот против Полска, триумфираше со 29:28 (15:16).

Најзаслужен за победата на Словачка беше левото крило Јурај Бриатка, кој во листата на стрелците се запиша дури 11 пати. Ист број на погодоци во полската репрезентација постигна кружниот напаѓач Камил Жипшак.

Иако за Словачка победата е минимална, сепак, на реваншот ќе биде домаќин и ќе се надева на голема поддршка од трибините.

Мануел Зендер со осум гола беше прво име во победничката репрезентација, додека кај поразените Алекс Влах постигна пет.

Пелистерците Нејц Цехте и Урбан Лесјак се прикажаа во солидно светло, па така десниот бек Цехте имаше три погодоци, голманот Лесјак натпреварот против Швајцарија го заврши со десет интервенции.

Унгарија одигра според очекуваното против Литванија, победи со 33:26 (13:11), а балтичката земја имаше сили само за првите 30 минути.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Проблемите со срцето се минато, холандската ѕвезда се врати на тренинг

Бундеслигашот Фленсбург објави дека на тренинзите се врати...

Russian Liberal Media Isn’t Telling the Full Story About Gaza

Hamas’ deadly October 7 attack against Israel and the...

СЕДМЕРЕЦ: Ден за историја и памет за друг пат!

Прва тренерска титула за Кире Лазаров, прва...