Спартак се израдува на деветта сезонска победа

Екипата на Спартак во рамки од 23. коло од Женската лига без многу проблеми го совлада Астибо со 35:27.

За избраничките на Велимир Мицевски ова беше деветта победа во тековната сезона и со новите освоени бодови останаа во игра за 7. позиција на табелата.

Победникот на денешниот натпревар беше најавен уште во првиот дел, кој го доби домаќинот со 18:13.

Спартак во второто полувреме продолжи во исто темпо и во ниту еден момент не беше доведена победата во прашање.

Победничката екипа беше предводена од Михаела Ангеловска и Марија Петковска, двете ракометарки постигнаа по осум погодоци.

Кај Астибо стандардно прво име беше искусната Марија Анчева, која заврши како прв стрелец на натпреварот, имаше 11 успешни реализации.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Проблемите со срцето се минато, холандската ѕвезда се врати на тренинг

Бундеслигашот Фленсбург објави дека на тренинзите се врати...

Russian Liberal Media Isn’t Telling the Full Story About Gaza

Hamas’ deadly October 7 attack against Israel and the...

СЕДМЕРЕЦ: Ден за историја и памет за друг пат!

Прва тренерска титула за Кире Лазаров, прва...