СТРУГА 2023: ДАЛИ ЗНАЕТЕ кој е првиот победник на турнирот во Струга?

Годинава од 16 до 19 август по 51. пат ќе се игра традиционалниот ракометен турнир. Следете не на нашата страница на Facebook, бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Ќе имаме многу интеракција, гласање, наградни игри…

Турнирот во Струга е најуникатниот турнир што се одржува пред почетокот на сезоната на овие простори, бидејќи се игра на отворено. Многу познати имиња како играчи, тренери и екипи дошле во Струга да бидат дел од овој турнир. Традицијата почна во 1973 година кога на турнирот играа четири тимови: Вардар, Пелагонија Битола, Струга и Електромонтажа Охрид.

Во почетокот на 70-тите години доминираше еден тим во Македонија, скопски Вардар. Тие победија на првото издание на турнирот. Од три натпревари победија на два и единствено со Електромонтажа Охрид одиграа нерешено. Најважниот дуел се одигра последниот ден кога Струга и Вардар меѓусебе решаваа кој ќе победи. Вардар победи со 22-21.

Тренер на тогашниот тим на Вардар беше Лефтер Бошковски, кој подоцна ќе биде и селектор на сениорската женска репрезентација на Македонија.
Во тимот на Вардар во 1973 година настапувал и Славе Атанасовски, подоцна прв селектор на машката репрезентација на Македонија по осамостојувањето на државата.

Голманот Ванчо Јовановски исто така бил дел од тимот на скопјани, кој следната година ја добил и наградата на МВП на турнирот.

Составот на Вардар кој победи во Струга во 1973 година.
Ванчо Јовановски – голман
Никола Божиновски – лев бек
Славе Атанасовски – среден бек
Мите Здравковски – пивотмен
Гоце Сипкоски – лево крило
Предраг Зорба – лево крило
Миле Гиевски – крило
Горан Лозановски – среден бек (пикер)
Филип Пејоски – бек
Борче Наумоски – пикер
Кире Ивановски – десно крило
Мате Насков – голман
тренер: Лефтер Бошковски

На 51. издание на Струшкиот турнир оваа 2023 година ќе играат шест екипи – три домашни (Струга, Вардар и македонскиот вицепрвак Алкалоид) и три странски (АЕК Атина, Динамо Панчево и Гуиф). Од сите осум учесници, само Вардар и АЕК Атина го освојувале трофејот покрај езерото.
.

Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.

.
.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!

.

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим...

Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига...

Не го однесе клубот на Ф4 во ЛШ, па си заработи отказ

Скапиот проект на ЧСМ Букурешт петта сезона по...

Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс...