Вардарци по вторпат подобри од вицепрвакот

Ракометарите на Вардар во 12. коло од суперлигашкиот плеј-оф на свој терен го совладаа вицепрвакот со 24:21. Вардар со оваа победа практично го осигура второто место, кое што носи пласман во квалификациите од Лигата на Европа. Поранешниот шампион, кој останува во игра за титулата, во последните две кола за ривали ги има Охрид и Бутел Скопје, додека вицепрвакот во претпоследното коло ќе игра со бутелци и на крајот од сезоната ќе гостува во Битола кај актуелниот бранител на титулата.

Гостите од Автокоманда во воведните пет минути тргнаа според посакуваното, во три наврати водеа со плус два (3:1, 4:2, 5:3), но потоа составот на Недановски се консолидира, го сврте резултатот во своја корист и до крајот на првиот дел беше подобриот противник на теренот.

По нерешените 8:8, следуваше мини серија на „црвено-црните“, кои во 25 минута за првпат дојдоа до плус два, 10:8. Оваа разлика можеа да ја задржат до крајот на полувремето, а по 30 минута игра резултатот беше 12:11.

Сценариото од последниот дел од првото полувреме продолжи и во вториот дел, па така вардарци постојано водеа со еден до два гола разлика. Избраниците на Недановски во 55 минута дојдоа до највисоката предност од плус три, 23:20, и веќе во тој момент беше јасно дека гостинот нема да има многу време за евентуален камбек.

Предводник во победничката екипа беше Коскуе Јасухира со осум погодоци, по три постигнаа Сетфан Петриќ и Хансер Родригез. Кај поразениот табор се истакнаа браќата Марко и Дамјан Митев со по пет погодоци.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

КУП 2024: Недановски посакува добра игра во одбрана, и се ќе биде полесно

Сезонава Вардар трипати играше против актуелниот вицепрвак, и...

Нов предизвик за Македонецот: Бојан Маџовски се сели во Партизан

Македонското лево крило Бојан Маџовски се наоѓа пред...

КУП 2024: Латифи – Вардар го знаеме многу добро, ќе пресудува одбраната

Тимот на Чаир по паузата од една сезона...