Барса последна се „чекира“ за Келн

Тимот на Барселона е последниот патник на Ф4 турнирот во Келн, откако го доби и реваншот против ПСЖ, но овојпат славеше минимално со 32:31.

Каталонскиот гигант на првата средба триумфираше со 30:22 и денеска не дозовли да биде изненадена од страна на „светците“.

Барселона водеше во текот на целиот натпревар, на полувреме имаше предност од 17:12, со исто темпо играше до 50 минута, потоа гостите успеаја само да го ублажат поразот.

Ова воедно беше и последниот натпревар во Лигата на шампионите за легендарниот Никола Карабатиќ, кој по завршувањето на сезоната ќе замине во пензија.

Освен Барселона, пласман на завршницата од Лигата на шампионите обезбедија уште Магдебург, Алборг и Кил.

Кил со херојски подвиг – надомести минус девет и се пласираше на Ф4!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ