Причинители на „изрецкан јазик“


Многумина имаат тн. „изрецкан јазик“ – кога тој орган има вдлабнатини или „резови“ по работ. Ова обично е предизвикано од подолго и повторено притискање на забите врз јазикот, велат лекарите, но има разни и различнни причинители на таа состојба. Следат некои од нив.

Недостатокот на витамините Б, на пр. Б12, фолната киселина (Б9) и рибофлавинот (Б2), може да доведе до воспаление на непцата и отечен јазик. Овие витамини се клучни за регенерација на клетките и одржување на здравото ткиво во усната шуплина. Отечениот јазик, пак, е поподложен на гризење со забите, предизвикувајќи еден вид „отпечаток“ од самите нив.

Следна можна причина е дехидрацијата. Ако не се пие доволно вода и течности, тоа може да предизвика отекување на ткивата во телото воопшто, па и јазикот – тоа исто така причинува притисок врз јазикот од забите.

И проблемите со тироидната жлезда се можен причинител, на пр., неактивна жлезда или хипотироидизам – состојба кога телото не произведува доволно хормони. Типични симптоми за оваа состојба се замор, зголемување на телесната тежина, чувствителност на студ, сува кожа и коса и чувство на депресија. Исто така, за некои луѓе, недоволната активност на тироидната жлезда може да предизвика отекување на јазикот.

Апнеја при спиење е состојба којашто предизвикува повторени прекини во дишењето. И тоа влијае на стискањето на забите ноќе.

Најчест облик на апнеја е опструктивната ноќна апнеја, предизвикана од блокирани горните дишни патишта. Оваа појава се среќава кај луѓе кои имаат мала вилица или голем јазик. Тоа предизвикува мала „борба за здив“ ноќе, па и несвесно гризење на јазикот.

– Реклама –



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷 Пенал-мајсторот Галевски му донесе историски трофеј на тимот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да го вратат...

Кузмановски МВП, Галевски нај голман на Ф4 во Купот

Тимот на Алкалоид го освои трофејот во Купот...

Во Автокоманда пак се слави Куп трофеј

Откако последен пат во 2019 година екипата на...