Кемпа влегува во Вардар – се преговара и со други германски компании

Познатиот спортски бренд Кемпа од Германија во следните три години ќе биде официјален снабдувач на спортска опрема на Вардар, но истовремено и ќе донесе други бенефити за клубот. Доаѓањето на Кемпа е само почеток на преговори со други германски компании кои исто така се заинтересирани да бидат дел од „црвено-црните“.

На денешната прес конференција, Борко Ристовски, Извршниот директор на Вардар го објави почетокот на соработката.

„Чест и задоволство е што успеавме да споиме два бренда во една соработка. Тоа е повеќенаменски. Од повеќе деловни причини не смееме се да објавиме. Но, соработката со Кемпа носи многу за Вардар. Тригодишен договор, пријателски, спонзорски, на долги патеки соработка. За понатаму како ќе се развива соработката, ќе објавиме со тек на време. На изглед носи соработка која ќе биде како додадена вредност, што ќе значи преговаање со други германскикомпании.  Разговараме и со други германски компании, кои се присутни во регионот. Се останато не сакаме сега да навлегуваме во чувствителни теми. Така беше и со Кемпа и со следните пријатели, соработници или спонзори на Вардар.

Од Германија претссвникот на Кемпа потврди дека се среќни за почетокот на соработкта со двојниот европски првак.

„Ја знаете Кемпа како препознатлив бренд во ракомет, имаме искуство во ракомет. Среќни сме што работиме со Вардар, бидејќи Вардар е познат во светот. Сакаме долгогодишна соработка. За почеток е три години, со сите категории. Ќе тргнеме и со сениорскиот тим и со младите категории. Сега сме навистина среќни што ќе работиме со Вардар, изјави Тим Гротхаус

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷 Пенал-мајсторот Галевски му донесе историски трофеј на тимот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да го вратат...

Кузмановски МВП, Галевски нај голман на Ф4 во Купот

Тимот на Алкалоид го освои трофејот во Купот...

Во Автокоманда пак се слави Куп трофеј

Откако последен пат во 2019 година екипата на...