Билетите се при крај – Еурофарм Пелистер го чека полна сала во Охрид

Во дербито на 10. коло од плеј-офот во ракометната Суперлига екипата на Охрид го пречекува актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.

Екипите на Охрид и Еурофарм Пелистер во досегашниот дел од тековната сезона одиграа два натпревари, еден во плеј-офот и еден во Купот, на кои поуспешни беа битолчани.

На првиот дуел одигран во Битола, охриѓани покажаа дека се доста незгоден ривал и до самиот финиш беа во игра за бодовите.

Билетите за утрешното дерби се пред крај, има останато уште 300 билети, а  гостинските симпатизери и навивачи ќе бидат сместени во блок А и Б, каде местата веќе се пополнети.

Натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер ќе се одигра утре во спортската сала „Билјанини Извори“ со почеток од 19:00 часот.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷 Купот добива нов сопственик, Вардар запрен на првата препрека

Ланскиот освојувач на Купот, тимот на Вардар, не успеа...

Уметноста на возможното – Република

Петар Поп-Арсов Изборите завршија, резултатите ги знаеме. Ги знаеме победниците...

🎥 Вардарци „скршени“, „Комити“ со порака: Нема да ве оставиме!

Вардарци нема да го бранат трофејот во Купот на...

Недановски: Не треба „некои“ да решаваат кој ќе победи!

Ракометарите на Вардар нема да имаат можност да...