Македонија на минус четири на пауза против Фарски Острови

Aко се суди по првото полувреме, машката репрезентација ќе има тешка задача за пласман на Светското првенство 2025. Македонија на паузата губи од Фарски Острови со 18-14.

Фарски Острови отвори со водство од 6-2, по осум минути игра, па Кире Лазаров мораше да бара минута одмор. Со играта седум на шест проба македонскиот селектор да ги врати нашите момци во игра, делумно успеа и по водството на 7-2 на ривалот, ги казните сите домашни грешки и веќе беше 7-5.

Беше и 8-6, а имавме шанса по исклучувањето на Скипаготу да намалиме на минус еден, но Кузмановски го промаши пеналот. Митун казни на спротивната страна за 10-7 по петнаесетина минути игра.

Taлески имаше зицер, но и тој не погоди, па домашните одново погодија за плус четири, 11-7. Атанасијевиќ можеби и неправедно доби второ исклучување, во следната акција и Кузманоски по игра со нога доби две минути казна од строгите Германки и домаќините ја задржаа разликата, 13-9.

Беше и 15-10, но Лазаревски ја проби домашната одбрана. Сепак и покрај тоа се чувствуваше дека нема многу расположени ракометари во нашата селекција, па домашниот тим лесно наоѓаше пат до голот. Беше и 17-11, но Лазаревски и Кузмановски намалија на пристојни минус четири, 17-13. До крајот по еден гол на двете страни за 18-14.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷 Пенал-мајсторот Галевски му донесе историски трофеј на тимот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да го вратат...

Кузмановски МВП, Галевски нај голман на Ф4 во Купот

Тимот на Алкалоид го освои трофејот во Купот...

Во Автокоманда пак се слави Куп трофеј

Откако последен пат во 2019 година екипата на...