Петковиќ заминува од кормилото на Русија

Соработката меѓу Велимир Петковиќ и Ракометната федерација на Русија истекува претстојниот месец, но нема да продолжи.

Славниот стратег со потекло од Бања Лука, многупати истакнуваше дека му недостига адреналин и натпреварувачки предизвик.

Со оглед на суспензијата на Русија, Петковиќ го водеше националниот тим само на пријателски натпревари со Белорусија.

Се уште не е познато каде Петковиќ ќе ја продолжи кариерата. Тој повеќе од три децении работеше во Германија, каде ги водеше Вецлар, Гепинген, Ајзенах и Фуксе Берлин.

Стана селектор на Русија во 2020 година, а беше тренер и на ЦСКА Москва.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

СЕДМЕРЕЦ: Ден за историја и памет за друг пат!

Прва тренерска титула за Кире Лазаров, прва...

Женската лига ќе заврши порано од предвиденото

Поради потребите на младинската репрезентација на Македонија, која...

Овче Поле прв низ целта во прволигашкиот плеј-аут

Тимот на Овче Поле го победи составот на...