Србија и пружи силен отпор на „фуријата“, Исланд и даде 50 гола на Естонија!

Селекцијата на Шпанија славеше со 32-28 против Србија во еден од најинтересните бараж натпревари за пласман на Светското првенство 2025 година.

Избраниците на селекторот Борис Ројевиќ пружија силен отпор на „фуријата“, на полувреме имаа само минус еден, 15-14, но во вториот дел пресуди класата на браќата Душебаеви.

Алекс и Даниел комбинираа десет голови, додека Тарафета додаде уште пет и Шпанците можат да бидат задоволни од залихата. Кај Србите, Милосављев имаше десет одбрани, додека Илиќ, Јовановиќ и Кос стрелаа по пет пати.

Исланд веќе може да ги прави плановите за настапот на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка, откако ја совлада Естонија со убедливи 25 голови, 50-25.

Претходно победи остварија и Романија и Грција, против Чешка, односно Холандија, како и Фарски Острови, кои и одржаа лекција на Македонија.

Лекција од Фарски Острови: Македонија ќе брка седум гола негатива за место на СП!

Сензација во Кожани и шок за Холандија, Романците ја добија драмата со Чешка



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷 Пенал-мајсторот Галевски му донесе историски трофеј на тимот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да го вратат...

Кузмановски МВП, Галевски нај голман на Ф4 во Купот

Тимот на Алкалоид го освои трофејот во Купот...

Во Автокоманда пак се слави Куп трофеј

Откако последен пат во 2019 година екипата на...